More

    Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на македонски јазик на меѓувладината конференција со ЕУ одржана во Брисел

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на македонски јазик на меѓувладината конференција со ЕУ, одржана во Брисел, на која истакна дека денес започнува да се реализира деценискиот сон на граѓаните на Северна Македонија, кои генерациски го сонуваат членството во Европската Унија.

    Во продолжение следува обраќањето на Ковачевски на меѓувладината конференција.

    „Во име на грашаните и Владата на Република Северна Македонија ми претставува чест што можам да се обратам на мојот мајчин македонски јазик на заслужената меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

    Македонија започнува последна етапа од зачленувањето во Европската Унија, после 17 години го правиме клучниот чекор кон нашиот децениски, генерациски сон, за кој огромно мнозинство граѓани, десетици државни лидери, граѓански сектор, новинари, политички претставници, академски и научни работници, стопанственици, медиумски работници и илјадници државни службеници, долги години посветено работеа.

    Сите тие имаат удел во тоа и денешниот ден им го посветуваме на сите нив, им се заблагодаруваме на поддршката и им оддаваме почит за сработеното. За остварување на оваа стратешка цел ние направивме многу, донесовме мудри, храбри државнички одлуки, во интерес на иднината нашите деца и државата.

    Патот до Брисел беше долг, Северна Македонија формално аплицираше за полноправно членство во 2004 година и се стекна со кандитаски статус во 2005 година. Првата препорака за членство во Унијата ЕК ја додели во 2009 година, а Советот на ЕУ ја потврди со едногласна одлука во март 2020 година. Со оваа меѓувладина конференција се операзионализари одлуката на Советот на ЕУ од 2020 година и се отвара простор за Северна Македонија и нејзините граѓани во големото европско семејство, во нашиот дом Европската Унија како наша децениска стратешка цел.

    Обединета и силна Европа му е потребна на светот, а тоа нема да биде можно без интеграција на земјите од Западен Балкан. Руската инвазија вор територијалниот интегритет и суверениете на Украина, јасно покажува дека ништо не е дадено еднаш засекогаш. Политиката на проширување директно влијае вр мирот и стабилноста на Западен Балкан.

    Северна Македонија цивилизациски, историски и географски припаѓа на евроското семејство. Ние сме Европа во мало, мултиетничка и мултиконфесионална средина со функционална демократија, за да изградиме општество во кое има место за сите.

    Ние секојдневно го живееме мотото на ЕУ, ние сме обединети во различностите и длабоко се горедееме со истите.

    Северна Македонија ги почитува соседите. Ние немаме територијален проблем со ниту еден сосед. Тоа е утврдено со нашиот Устав и постојано ги унапредуваме добрососедските односи.

    Горд сум што македонскиот јазик ќе биде јазикот на кој ќе се води процесот на преговарање за пристапување. Со нетрпение го чекаме денот, кога со полноправното членство во ЕУ, македонскиот јазик ќе стане еден од официјалните јазици на ЕУ. Еднаков со сите останати 24 јазици на Унијата. Подготвени сме целосно да го преземеме законодавството на ЕУ во нашиот внатрешен поредок.

    Потврда дека сме природно поврзани е и фактот што ЕУ е нашиот најголем трговски партнер“, посочи Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img