More

    Прелиминарни резултати од референдумите во четири украински области

    spot_img

    Прелиминарните резултати од пребројаните гласови од референдумите во четирите украински области покажуваат дека огромно мнозинство од Украинците за се за приклучување кон Руската Федерација, јави Ројтерс, цитирајќи ја руската државна новинска агенција РИА.

    Врз основа на 18 отсто од обработените гласови, за влез на областа Запорожје во Русија гласале за 98,19 отсто од гласачите. За приклучување на областа Херсон кон Руската Федерација потврдно се изјасниле 96,97 отсто од гласачите, врз основа на 14 отсто преброени гласови.

    Во Донецката Република со обработени 16 отсто гласови „за“ гласале 98 отсто од гласачите, а според 13 отсто од обработените гласови во Луганската Република, 97,82 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Русија.

    Референдумите во четирите украински региони под контрола на Русија – Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон за присоединување кон Русија почнаа во петокот, минатата недела, а денеска е последниот ден на гласањето и единствен кога се гласаше на стационарни избирачки места, бидејќи теренската изборна комисија собираше гласови претходните четири дена.

    Кремљ објави дека по референдумите во овие области, териториите ќе го променат нивниот меѓународно правен статус.

    Британското министерство за одбрана претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин може да го искористи обраќањето во двата дома на рускиот парламент закажано за в петок да прогласи припојување на окупираните украински територии кон Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img