More

    Прелетите на авионите Б52 ќе ни потврдат дека сме сојузници на НАТО

    spot_img

    Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка утре во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 .

    Според Министерството за одбрана, прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатлантска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

    – Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија – појаснуваат од МО.

    Бомбардерот Б52 „стратофортрес“ претставува едно од најмоќните оружја во арсеналот на летала на војската на САД. Летечките тврдини се во употреба од 1955 година и бомбардирале во многу војни, конфликти и судири каде што учествувала армијата на САД.

    Воздухопловот е произведен од компанијата „Боинг“ и примарна употреба му е да пренесува нуклеарно оружје, но може да пренесува и конвенционални бомби и прецизно наведувани ракети. Експертите велат дека посебно се истакнале во војните на Блискиот Исток и во воздухопловните операции насочени против силите на талибанците во Авганистан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img