More

    Преку социјалните мрежи се бараат донации за потрагата по исчезнатиот Мартин

    spot_img

    Пријатели и роднини на Мартин Јовановски (31) од Македонија се организираат преку социјалните мрежи да одат на Халкидики и да помогнат во потрагата. Направена е групата „Сите за Мартин“ на која се бараат доброволци.

    Потребно е едно доброволно лице, односно една кола, кој ќе се нафати да отиде до Халкидики утре (петок). Покриен е патен трошок, сместување и јадење, целта е да се однесе опрема и лица, стручни спасувачи, кои ќе помогнат во барањето. Најверојатно ќе се остане цел викенд. Битно е да е поголема кола, караван или џип со цел да собере повеќе опрема. Мобилен телефон 070/601-068, пишува во објавата на Фејсбук.

    Се бараат и лица кои знаат да зборуваат грчки јазик, екипа со дронови (клубови, поединци и слично), луѓе со параглајдери/воздухопловни екипи, бродски клубови, едрилици, чамци, глисери и слично, финансиски донации за гориво за воздухопловните и водените пребарувачи и за волонтерите.

    Контактирајте ваши познаници, фирми и кој било што мислете дека може да придонесе и помогне на кој било начин, порачуваат администраторите на групата.

    „Да ги тагираме надлежниве институции на сите објави, да бидеме што побројни и погласни. Да се чуе нашиот глас насекаде! Секоја помош е добродојдена. Да направиме сѐ што е во наши раце за потрагата да продолжи и нашиот Мартин да се врати!“, се апелира на социјални мрежи.

    Потрагата по Мартин трае од саботата, откако тој и двајца пријатели исчезнаа во морето кај Халкидики. Васил беше пронајден по неколку часа, а Иван следниот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img