More

    Преку пресови на тепач на жени, СДСМ призна дека стои зад прогонот на членови на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Со прес -конференциите како оние на тепачот на жени Костадин Ацевски, СДСМ се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството, возврати ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ дел од членовите на комитетите на партијата и лидерот Христијан Мицкоски да дадат оставка, откако поранешните функционери обдинети во случајот „Тиатник“ вчера во судот признаа вина..

    – Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање. Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС  уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат дека во партијата има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на земјава.

    ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата информира за  некои биографски податоци за  Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ..

    Костадин Ацевски е поранешен пратеник сега директор на „Македонија пат“ кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција. Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата. Впрочем доколку некој се прашува зошто уште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови – велат од ВМРО-ДПМНЕ..

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img