More

    Нов прекин на огнот во Мариупол, наскоро треба да започне евакуацијата

    spot_img

    Eдинаесеттиот ден од руската инвазија на Украина. Продолжуваат нападите врз голем број украински градови.

    Повеќе од 1,5 милиони луѓе кои бегаат од Украина се преселиле во соседните земји во последните 10 дена, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

    10:00 Зеленски: Украина го дава својот максимум

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање утринава го пофали отпорот што Украинците го нудат на руската инвазија.

    „Украина го дава својот максимум“, рече тој, додавајќи дека и цивилите ги бранат своите градови, болници и училишта.Во 12 дена војна, рече тој, Украина се обедини со милиони луѓе.

    9:45 Шест лица загинаа во напади врз здравствени работници

    СЗО потврди дека во неколку напади врз здравствени работници во Украина загинале шест лица, а 11 се повредени.

    „Досега се идентификувани вкупно шест напади врз здравствени работници. Силно ги осудуваме овие напади, тие не треба да бидат цел“, напишаа тие на Твитер, а лидерот Тедрос Гебрејесус рече дека тоа „секако е кршење на меѓународното хуманитарно право“.

    9:30 Путин и нареди на владата: Направете список на земји кои ни воведоа санкции

    Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на владата да состави список на земји кои воведоа санкции кон таа земја, односно руски компании, организации и поединци, пренесува државната новинска агенција РИА-Новости.

    Претседателскиот декрет бара од владата да состави попис во рок од два дена, се вели во извештајот.Да потсетиме, Република Северна Македонија е меѓу првите земји кои воведоа санкции кон Русија.

    Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на владата да состави список на земји кои воведоа санкции кон таа земја, односно руски компании, организации и поединци, пренесува државната новинска агенција РИА-Новости.Претседателскиот декрет бара од владата да состави попис во рок од два дена, се вели во извештајот.

    9:20 Нов привремен прекин на огнот во Мариупол

    Градските власти на Мариупол најавија дека евакуацијата на цивилите треба да започне напладне по локално време (11 по средноевропско време) и дека е договорен привремен прекин на огнот.

    Според градските власти, прекинот на огнот ќе трае од 10 до 21 часот по локално време (од 9 до 20 часот по средноевропско време).

    Нападите врз украинските градови Мариупол и Волноваха продолжија во саботата, откако Русија утринава објави краток прекин на огнот за да се овозможи хуманитарна евакуација.

    Русија и Украина се договорија за ограничен прекин на огнот околу два града за да се евакуираат луѓето кои се обидуваат да избегаат.

    Сепак, украинските сили соопштија дека Москва никогаш целосно не го испочитувала „мирниот“ договор и дека мора да се запре евакуацијата на луѓето од опколениот пристанишен град Мариупол во југоисточна Украина.

    n во саботата пропадна набргу откако беше ослободен, бидејќи Русите, тврдат украинските власти, продолжиле да пукаат и да го бомбардираат градот и покрај прекинот на огнот

    8:55 Зеленски му се заблагодари на Маск за помошта

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на технолошкиот милијардер Илон Маск за поддршката на Украина со неговиот сателитски интернет систем Starlink.

    „Следната недела ќе добиеме уште една серија Starlink системи за уништените градови“, напиша Зеленски на Твитер, заблагодарувајќи му се на Маск „за поддршката на Украина со збор и дело“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img