More

    Пред Постојаниот совет на ОБСЕ, Османи ќе ја презентира програмата на претседавањето на Република Северна Македонија

    spot_img

    Делегација на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја започнува официјалната посета на Виена во својство на претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

    Согласно работната агенда, денеска Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на земјата-домаќин на ОБСЕ, Александар Шаленберг, по што ќе одржи брифинг за претставниците на медиумите со кои ќе сподели информации за програмата на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023.

    Работниот ден на 12 јануари, Османи ќе го започне со средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, по што ќе се одржи главниот настан и неговото обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во својство на претседавач, кога е предвидено да ја презентира Програмата на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата.

    Во своето обраќање, министерот Османи ќе се осврне на предизвиците со кои ќе се соочи Северна Македонија за време на претседавањето со најголемата светска регионална безбедносна организација во 2023 година, имајќи ја притоа предвид длабоката, политичко-безбедносна и економска криза во која се наоѓа регионот на ОБСЕ. Пред Постојаниот совет, Османи ќе ја презентира програмата на претседавање под мотото „За луѓето се работи“, во која примарен фокус ќе бидат токму луѓето и хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност.

    Во текот на денот, предвидено е Османи да оствари средба и со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет, со чија земја Северна Македонија континуирано одржува цврсти билатерални односи. На средбата ќе бидат разменети мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, како и за нејзината улога во справувањето со последиците предизвикани со руската агресија врз Украина.

    Третиот и последен ден од посетата на Виена, Османи ќе оствари средби со раководните структури на независните институции, како што е ОДИХР, со другите извршни тела на Организацијата, како и со шефовите на теренските мисии, вклучително и серија состаноци со специјалните претставници на претседавачот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img