More

    Пред пет дена крвнички претепан пред ноќниот клуб Еспана, полиција интервенирала, ама пет дена ги сокривале сторителите

    spot_img

    Кривично правен настан кој што случил пред ноќниот клуб Еспана, во кој настан повеќе лица претепале едно лице од Струга, кое лице поради сериозноста на повредите завршува хируршки зафат во охридската болница цели четири деноноќиа од неразјаснати причини остане енигма за охридската полиција?!

    Според оштетениот и очевидци на настанот на критичниот ден 19.03.2022 во ноќниот клуб Еспана во Охрид веднаш реагирале пет униформани полициски службеници, оштетениот е префрлен во хируршкото одделение во охридската болница. Истиот ден неговиот родител пријавил настан во ПС Охрид, но и полициските службеници кои постапувале на лице место согласно законот за полиција биле должни да го евидентираат целиот кривичен правен наастан, но според оштетениот и неговата фамилија останува нејасно зошто полицијата не го евидентирала настанот, но и зошто не постапила согласно Закон?!

    Во текот на вчерашниот ден  оштетниот и неговите родители пријавуваат во ПС од општа надлежност Охрид, но и бараат одговор од МВР на РСМ.

    Изненадува фактот што охридската полиција не го евидентирала настанот цели 4 деноноќиа не преземале никакви дејствија, а по интервенијата на МВР после четврти ден настанот го евидентираат???

    Што сака охридската полиција да сокрие?

    За конкретниот настан охридската полиција известува дури денес со следново соопштение:

    На 22.03.2022 година во СВР Охрид, Д.Ж.(23) од Струга, пријави дека на 19.03.2022 година околу 01.30 часот во угостителски објект во Охрид, лоциран на спортскиот центар „Билјанини извори“, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img