More

    Пред зградата на Народото Собрание во Софија ќе се одржат пет протести против бугарската Влада на премиерот Кирил Петков

    spot_img

    Денеска пред зградата на Народото Собрание во Софија ќе се одржат пет протести против бугарската Влада на премиерот Кирил Петков, соопштија властите во земјата.

    Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, станува збор за протести на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород, партијата ВМРО-БНД, здружението „Толерантност и национално движење „Хан Кубрат.

    Протестите ќе се одржат по повод денешната расправа за гласањето недоверба на владата на Петков, што до Народото собрание беше поднесена од ГЕРБ на крајот на минатата недела.

    Повод за побараното гласање недоверба е политиката на Петков кон Северна Македонија, која овие партии ја сметаат за предавничка.

    Полицијата ќе ги оддели демонстрантите, а пред јужниот дел на зградата на Народното собрание ќе бидат противниците на бугарската Влада, а од северниот дел ќе протестираат неговите поддржувачи.

    Бугарското Министерство за внатрешни работи ги почнало проверките за индициите за насилство, кое може да се очекуваат на протестите денеска и утре.

    Министерот Бојко Рашков изјави дека полицијата почнала да спроведува информативни разговори со организаторите на протестите за кои на социјалните мрежи има сведоштва дека може да предизвикаат насилство.

    По завршувањето на ризичната дебата на гласање недоверба на владата поддржувачите на бугарската Влада по 18 часот ќе одржат митинг за нејзина поддршка, а се очекува на него да зборуваат премиерот Кирил Петков, како и министри од владеачката коалиција и најголемата партија „Промените продолжуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img