More

    Пред девет години цел свет го чекаше раѓањето на ова момче

    spot_img

    На денешен ден во 2013 година, милиони луѓе во Велика Британија и ширум светот го чекаа моментот кога британското кралско семејство ќе го објави раѓањето на идниот крал или кралица.

    Пред болницата Св. Мери во Лондон со денови убавата вест ја чекаа новинарски екипи и обожаватели на кралското семејство, а во утринските часови на тој ден беше објавено дека војвотката Кејт се пораѓа.

    Милиони го чекаа бебето. Судбината на тоа бебе била однапред позната и дека еден ден ќе стане новиот британски монарх.

    Во попладневните часови беше објавено дека Кејт, војвотката од Кембриџ, родила машко бебе, трето по ред за британскиот трон, а нацијата беше во транс.

    Веста за раѓањето на новиот британски принц беше ударна вест во сите британски и светски медиуми, а следниот ден се појави британскиот весник „The Sun“ со името „The Sоn“.

    Принцот Џорџ Александар Луис и беше претставен на јавноста по само 24 часа, а воодушевената толпа пред болницата првпат го виде новиот престолонаследник. Среќните родители Вилијам и Кејт го изнесоа бебето од Св. Мери пред новинарите, а првите фотографии од новородениот принц веднаш ги преплавија светските медиуми.

    Неговото име беше објавено неколку дена подоцна. Кралското семејство денеска објави нов портрет на идниот крал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img