More

    Предупредување од Google: Итно ажурирајте го Chrome!

    spot_img

    Google им препорача на своите корисници да го ажурираат Google Chrome што е можно поскоро поради важни безбедносни елементи, од кои едната е критична.

    Технолошкиот гигант потврди неколку безбедносни пропусти на сите платформи и ги охрабри корисниците да го ажурираат Chrome што е можно поскоро.

    Во соопштението, Google наведува дека надворешните истражувачи откриле над 20 ранливи точки, од кои осум се категоризираат како високоризични, додека една се смета за критична.

    Критичната ранливост, според Форбс, се однесува на експлоатација на меморијата и стана најчестиот метод за хакирање на Chrome во последниве години.

    Како да се ажурира?
    За да се ажурира што е можно поскоро, треба да отидете во менито на Chrome (три точки во горниот десен агол), потоа Help > About Google Chrome и ажурирањето ќе започне дури потоа. Верзијата по ажурирањето треба да биде „105.0.5195.54“ на Windows и „105.0.5195.52“ на Mac.

    Самиот Google Chrome ги следи новите ажурирања и ги презема кога е можно. Сепак, процесот е бавен и понекогаш потребни се неколку недели за ажурирањето да стигне до сите корисници.

    Ранливостите се сериозни, а напаѓачите можат да ги искористат за да внесат малициозни елементи во Chrome.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img