More

    Преговорите меѓу Русија и Украина завршија

    spot_img

    Преговорите меѓу Русија и Украина завршија, пренесува руски Тасс.

    Пред почетокот на разговорите, од кабинетот на претседателот на Украина беше соопштено дека делегацијата од Киев ќе побара „итно“ прекин на огнот и повлекување на руските војници.

    „Клучното прашање е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од украинска територија“, се вели во соопштението.

    Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи ги пречека делегациите на двете земји, уверувајќи ги дека треба да се чувствуваат „целосно безбедно“.

    „Почитувани пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот Зеленски и претседателот Путин. Можеби овде се чувствувате сосема безбедно. Тоа е наша света должност“, рече Макеи.

    „Претседателот Лукашенко искрено се надева дека во текот на денешните разговори ќе биде можно да се најдат решенија за сите прашања од оваа криза. Сите Белоруси се молат за ова. Сите предлози, во однос на организирање на денешниот состанок, ќе бидат разгледани и апсолутно исполнети“, додаде тој, нагласувајќи дека со нетрпение ги очекува резултатите.

    Во украинската делегација, меѓу другите, беа и министерот за одбрана Олексеј Резников и советникот на претседателот Михајло Подољак.

    Пред почетокот на преговорите, Москва рече дека сака да постигне „договор“, додека нејзината офанзива се чинеше дека наиде на поголем отпор од очекуваното.

    „Секој час додека се одолговлекува конфликтот, украинските граѓани и војници умираат. Се договоривме дека треба да постигнеме договор, но тоа мора да биде во интерес на двете страни“, изјави рускиот преговарач и советник во Кремљ, Владимир Медински.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img