More

    Превод од грчки на книгата од епископот Давид

    spot_img

    Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје неодамна го објави преводот од грчки јазик на книгата од епископот стобиски Давид (Нинов), со наслов „Уметност и откровение“.

    Низ содржината на книгата се преплетуваат допирните точки на уметноста (во сите нејзини видови) и теологијата, во периодот од крајот на Втората светска војна до сегашниве дни. Истовремено, книгата ја предочува темата на слободата на човекот и нејзиното поимање, не како потчинување, туку, согледана низ призмата на критичката гносеологија, како продолжување на создавањето, земајќи предвид дека човекот е повикан да биде сосоздател на светот.

    Истовремено, книгата го актуелизира и образложува ставот дека помеѓу уметноста и теологијата не постои ниту поделба, ниту расцеп, туку единствено расудување. Во уметноста постојат траги на вистината, кои човекот, ако сака, може да ги открива, за да го возведат до големата љубов. Следствено, книгата ги оприсутнува современите поети, режисери, теолози, теоретичари на уметноста… на пример: Иан Кертис, Бертолд Брехт, Тенгиз Абуладзе, Вес Андерсон, преп. Софрониј Сахаров, Хризостом Стамулис, Ернст Блох и други автори, чии имиња се карактеристични за горенаведениот период, согледувајќи дел од нивните творби низ светодуховската максима на св. Порфириј Кавсокаливит: „Кој сака да стане христијанин, првин треба да стане поет“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img