More

    Прв случај на ковид на Куковите Острови

    spot_img

    Една од последните оази без ковид-19 беа Куковите Острови, мала пацифичка земја која се протега на 15 острови и според последниот попис брои 17.459 жители.

    Но ова се промени откако после две години светска пандемија на островот е забележан првиот заразен со ковид, патничка која пристигнала од Нов Зеланд.

    „Иако е асимптоматски случај патничката после позитивниот тест е ставена во изолација, а истите мерки ќе важат и за нејзините сопатници“ изјави премиерот Марк Барун.

    По овој случај започнато е тестирање на сите контакти на заболената и досега не е забележана трансмисија, но на сила стапија некои мерки како што е забраната за патување меѓу островите. На островот нема паника, а граѓаните се приджуваат до мерките на претпазливост. Процентот на вакцинација на Куковите Острови е доста висок па така 96 проценти од населението е имунизирано.

    После овој случај на ковид единствени земји кои официјално немаат ниеден заболен останаа: Северна Кореја, Туркменистан, Тувалу и Наруру.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img