More

    Прв ден од бојкотот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на Собранието, а од партијата порачуваат дека бојкотот ќе биде прекинат доколку започне дијалогот за предвремени парламентарни избори.

    „(Димитар) Ковачевски имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели. Државата се повеќе тоне. Вчера ДЗС излезе со официјален податок и констатираше двоцифрена инфлација. За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата додаваат дека на земјата ѝ се потребни предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img