More

    Пратениците од власта се против укинување на техничката влада

    spot_img

    Собранието не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинската Влада. За гласаа 32 пратеници, додека 55 беа против.

    Најголемата опозициска партија побара од Законот за Влада да се отстранат одредбите што уредуваат: 100 дена пред избори да се формира техничка или преодна Влада, во која ќе партиципира и опозицијата. Овие одредби беа внесени во законот пред предвремените избори во 2016.

    Владеачките партии не гласаа бидејќи немало претходен консензус по ова прашање.

    – Очекував дека ќе добиеме поддршка и од другите пратенички групи. Со овој предлог се предвидува бришење на одредбите од Законот за Влада, односно 100 дена пред избори да се избере нова преодна влада или позната во јавноста како пржинска влада. Истото е дебатирано меѓу најголемите партии и има консензус. Не се работи за обемно решение и очекувам поддршка – рече претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img