More

    Пратениците на СДСМ и на ДУИ денеска не гласаа за декларацијата за Гоце Делчев што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

    spot_img

    Пратениците на СДСМ и на ДУИ денеска не гласаа за декларацијата за Гоце Делчев што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, соопшти пратеникот Антонио Милошоски.

    „На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена“, напиша на својот профил на Фејсбук пратеникот Милошоски.
    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно истакна дека сакаат да добијат поддршка од сите политички партии кои што се парламентарни и вонпарламентарни со една цел да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.

    – Оваа Декларација треба да биде точка на обединување на политичките партии во македонското Собрание. Да покажеме обединетост околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија – истакна претходно на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

    Во декларацијата се тргнува од одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и суверена држава“, како и на „традицијата на Крушевската република“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img