More

    По посетата на Пелоси, следува блокада на островот?

    spot_img

    Тајванското министерство за одбрана соопшти дека 21 воен авион на кинеската авијација навлегле во т.н. зона на одговор во воздушниот простор на земјата. Оваа воена провокација настапи само неколку минути по пристигнувањето на Ненси Пелоси во Тајпеј.

    Според достапните информации, кинеската авијација во Тајванскиот Теснец употребила 8 ловци од класата Јиан-11, 10 Јиан-16 јуришници, 1 Кунџинг-500 АВАКС и 1 Јунг-9г авион погоден за електронско војување. Претходно, државните кинески медиуми известија и дека кон Тајван се упатиле повеќе борбени авиони од класата Су-35.

    Како одговор на посетата на Тајван, од страна на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кинеската армија најави големи поморски вежби на шсет локации околу Тајван. Поголем број на аналитичари веќе коментираат, дека Кина ќе се обиде да го стави под целосна блокада островот, со тоа што го големата флота од Јужното Кинеско Море буквално ќе го обиколи Тајван.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img