More

    По мрежите се шират апокалиптични сцени, луѓето подготвуваат залихи

    spot_img

    Невообичаена појава во Кина, таканареченото „црвено небо“ ги преплаши луѓето во оваа земја кои тврдат дека тоа е лош знак.

    На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат исплашени граѓани во Кина кои снимиле како небото ја менува бојата. Бидејќи црвеното небо беше најинтензивно во близина на пристаништето, многумина мислеа дека избувнал пожар кој излегол од контрола.

    Црвеното небо во кинескиот пристаништен град Жоушан стана една од главните теми на кинеските социјални мрежи, а некои го нарекоа лош знак поради постапките на Кина во врска со пандемијата со ковид-19, со оглед на тоа што во Шангај се појавија нови случаи.

    „Ќе се случат незгоди“, или „Почнав да трупам резерви“, се само дел од коментарите на преплашените граѓани на социјалните мрежи, но локалните медиуми објаснуваат дека тоа не е знак за апокалипса, туку резултат на рефлексија на светлината.

     

     

    – Кога временските услови се добри, водата во атмосферата создава аеросоли кои ја прекршуваат и расфрлаат светлината на рибарските чамци и создаваат црвено небо што го гледа јавноста – велат метеоролозите од Жоушан.

    Одразот можеби потекнува од рибарски брод што ловел пацифичка скуша, риба поврзана со скушата, според локалните медиуми, цитирајќи ја компанијата „China Aquatic Products Joseph Marine Fisheries“, која е сопственик на споменатиот брод.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img