More

    По војната, екс-претседателот од нешто ќе мора да заработува

    spot_img

    За време на прошталниот говор пред војниците на Руската Федерација во градот Грозни, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му понуди на украинскиот претседател Владимир Зеленски работа со скратено работно време и тоа, на телевизија, пишува Мондо.

    „Штом Зеленски ќе одговори на нашиот повик да го прекине отпорот и да седне на мировни преговори, ќе му дадеме таква можност. Можеме дури и да организираме посебно шоу во Грозни“, напиша Кадиров на својот профил на Телеграм.

    Според Кадиров, понудата за работа била дадена на барање на неговиот сонародник, кој сега учествува во специјална операција во Украина.

    „По завршувањето на воената операција, поранешниот претседател на Украина ќе мора некаде да заработи, а Ајуб бара да му се даде шанса да игра во репрезентацијата на Чеченија во Клубот на веселите и снаодливите “, напишал лидерот на Чеченците.

    Тој вели дека неговата понуда е со ограничен рок, бидејќи „после ќе биде доцна“.

    Претходно Кадиров на украинските војници им подготвува „изненадување што ќе им зададе главоболка“, пренесоа руските медиуми. Шефот на Чеченија ова го најави на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

    „Сакам да ве информирам дека подготвивме уште едно изненадување за нацистите. Нашиот подарок сигурно ќе им ја разнесе главата. Почекајте и слушајте внимателно за да не го пропуштите победничкиот марш на нашите чизми, кој забрзано напредува кон вашите позиции!”, напишал тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img