More

    Почнува фестивалот на дебитантски филм „Киненова“

    spot_img

    Од 07 до 14 октомври ќе се одржи новото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“, под слоганот „Првиот секогаш остава трага“.

    Со проекции во Милениум и во Кинотека, организаторите по 7 пат на домашната публика ќе ѝ ги подарат актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност, кои гледаат на светот со отворени и љубопитни очи, поставувајќи бројни прашања во своите филмови кои се релевантни и на овие простори.

    – Октомври традиционално станува месец на „Киненова“.Секоја година се снимаат сѐ поквалитетни деби остварувања, и како селектор се соочувам со слатки маки кои филмови да влезат во конкуренција за фестивалските награди – вели програмскиот селектор Игор Анѓелков, кој на домашните филмофили им  препорачува „и оваа година да не ја пропуштат „КинеНова“, затоа што овој фестивал нуди возбудливи програмски содржини низ фокусиран концепт, кој е единствен од ваков вид кај нас.

    Во петок во кино Милениум во 20 часот, фестивалот ќе биде отворен со хрватскиот филм „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји. Ова е еден од осумте филма кои се дел од официјалната компетиција за фестивалските награди, меѓу кои има и филмови од Романија, Полска, Србија, Италија, Турција и од Косово.

    – За годинашните лауреати во официјалната, но и во селекцијата за краткометражни остварувања, ќе одлучува интернационалното жири во состав Аида Бегиќ (БиХ), Паво Маринковиќ (Хрватска), Елеонора Венинова (С. Македонија), Симоне Стараче (Италија), и претседателката на жирито Илдико Енједи, наградуваната унгарска режисерка, која воедно е добитник на Наградата за особен придонес во светската филмска уметност. Таа ќе одржи и мастерклас за публиката, споделувајќи ги нејзините филмски искуства за снимањето на победникот на Берлиналето во 2017 година, филмот „За душата и телото“, потоа финалист и за Оскарот – соопшти директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.

    Од останатите фестивалски содржини, вредни за споменување се „Режисерот во фокус“, австрискиот маг Михаел Ханеке, чии први три филмови го трасираа неговиот пат до европскиот и светски врв, потоа, изборот на филмови од актуелната португалска и ирска кинематографија, како и соработката со полскиот фестивал „Вистула“, кој на домашните кино платна ќе ни ја претстави тамошната актуелна кинематографија.

    Сѐ на сѐ, „КинеНова“ повторно нуди квалитетни филмски содржини, со што од година во година ја потврдува својата зацртана цел – соодветно претставување на новите филмски сили, кои претставуваат светла иднина на седмата уметност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img