More

    Почнува исплатата на поддршката за вештачко ѓубре

    spot_img

    Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1,3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители, информираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

    Од МЗШВ велат дека исплатата на субвенциите задоцнила  бидејќи процесот на донесување на оваа законска измена во Собранието беше закочен речиси шест месеци, односно од февруари 2022 година.

    -Дополнително, ги информираме земјоделците и целокупната јавност дека во следниот период започнува реализацијата на исплатата за финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници – мерки со кои ги помагаме земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд. Во тек е и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-февруари 2021, како и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети – велат од МЗШВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img