More

    Почина Љубиша Никодиновски-Биш

    spot_img

    Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-УНЕСКО. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ.

    Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил и раководител на театри. Автор е на бројни статии и студии од областа на театарот, а во 2009 ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.

    Како театарски глумец работел во театарот Кај Свети Никита Голтарот и Театарската работилница ФФ (Зелена гуска) каде што бил еден од основачите и продуцент. Бил и продуцент во МНТ и раководител на театарот Центар, а во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма.

    Биш ќе биде погребан в петок од 9.00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img