More

    ПОЧИНА ПО 18 ГОДИНИ ЖИВОТ НА АЕРОДРОМ

    spot_img

    Мехран Карими Насери, ирански политички бегалец, кој живееше повеќе од 18 години на аеродромот Роаси-Шарл де Гол и го инспирираше режисерот Стивен Спилберг за неговиот филм „Терминал“, почина на аеродромот, вчера од природна смрт, јави дописникот на МИА од Париз.

    Откако ги потрошил парите собрани за филмот, тој се вратил неколку недели на аеродромот. Кај него биле пронајдени неколку илјади евра.

    Роден во 1945 година во Масјед Солејман, во иранската провинција Кузестан, Мехран Карими Насери, познат како Сер Алфред, се населил во Роаси, северно од Париз, во ноември 1988 година, по долго патување – во потрага по својата мајка – кое го однело во Лондон, Берлин и во Амстердам. Секој пат, тој бил протеран од властите, поради тоа што немал документи.

    Во 1999 година доби статус на бегалец во Франција и дозвола за престој. Во Роаси, тој се запозна со персоналот на аеродромот и стана симболична фигура, која беше предмет на бројни телевизиски и радио репортажи на француски и странски медиуми. Во 2004 година, Том Хенкс ја толкуваше неговата улога во „Терминал“ во режија на Стивен Спилберг.

    По филмот, Мехран Карими Насери живеел во дом во Париз, по што повторно се вратил на аеродромот Роаси-Шарл-де-Гол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img