More

    Почина новинарот Слободан Петровиќ

    spot_img

    Почина новинарот, публицист и издавач Слободан Петровиќ-Цобе. Тажната вест ја соопшти неговиот колега Ѕвездан Георгиевски, кој преку Фејсбук статус се збогуваше од својот долгогодишен пријател.

    „Знам дека звучи како флоскула ако се каже дека Слободан Петровиќ беше голем новинар. Можеби е поточно да се каже дека беше еден од ретките комплетни новинари, еден од оние ретки и драгоцени егземплари што умееше да го гледа целиот контекст на новинарското дејствување, кој знеше дека еден текст нема некоја особена смисла, ако не стои во контекст со другите содржини во весникот или медиумот. Кој знаеше дека пласманот на текстот и неговата опрема се подеднакво важни како и неговата содржина, дека нема добра содржина без добра форма. И обратно: не постои добра форма без добра содржина. Но, не сум јас тој што ќе ја напише неговата пребогата службена биографија. Го предложив, заедно со некои други колеги, за наградата ’13 Ноември’ за публицистика за неговата ингениозна книга за дрвото. Ја доби наградата и знам дека тогаш си помислив дека конечно го препознаа неговото дело и неговиот придонес за македонскиот јавен простор. Почивај во мир Цобе“, напиша Георгиевски на Фесјбук.

    Инаку, Петровиќ беше овогодишен добитник на престижната награда „13 Ноември“ за посебен придонес за развојот на Град Скопје.

    Во својата долгогодишна новинарска кариера работеше во „Екран“, каде што беше уредник, а потоа и во „Пулс“, првиот политички неделник на овие простори. Работел и во весникот „Вечер“, „Журнал“…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img