More

    Почина легендарниот комичар Гилберт Готфрид

    spot_img

    Славниот комичар Гилберт Готфрид почина на 67-годишна возраст по долго боледување, потврди семејство на американскиот стенд ап комичар и актер.

    „Со скршено срце ве информираме дека нашиот сакан Гилберт Готфрид почина по долга и тешка болест. Освен што беше најпознатиот глас во комедијата, Гилберт беше прекрасен сопруг, брат, пријател и татко на две мали деца. Иако денеска е тажен ден за сите нас, ве молиме продолжете да се смеете што погласно во негова чест“, соопшти семејството на легендарниот комичар, на социјалните мрежи.

    Портпаролот на Готфрид, Глен Шворц, изјави дека причина за смртта била срцева абнормалност наречена вентрикуларна тахикардија.

    Гилберт ја започна комичарската кариера во оригиналната постава на емисијата „Сабота вечер во живо“, а славата ја стекна во текот на 80-те со улога во ситкомот „Шоуто на Козби“.
    Со својот глас го збогати и анимираниот Дизни хит, „Аладин“ од 1992 година со улогата на папагалот Јаго.

    Од познатиот комичар се опростија многу негови колеги, помеѓу кои и Џејсон Александер, ѕвезда на серијата „Сејнфилд“.

    „Ме засмејуваше во моментите кога смеењето не доаѓаше така лесно. Имаше дарба. Не го познавав добро, но ми се допаѓаше она што го имавме заедничко. Му изразувам сочувство на семејството“, напиша Џејсон на Твитер.

    Водителот и комичар Стивен Колбер исто така се опрости од Готфрид:

    „Голема чест ми е што запознав, интервјуирав и правев скечеви со еден од најдобрите. Почивај во мир, Гилберт Готфрид“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img