More

    Почина актерката Ени Вершинг

    spot_img

    По долга борба со ракот, актерката Ени Вершинг, најпозната по улогите во сериите „Безвременски“ и „24“, почина на 45-годишна возраст.

    Тажната вест ја објави нејзиниот сопруг Стивен Фул на социјалните мрежи.

    „Денеска има голема дупка во душата на ова семејство. Но, таа ни ги остави алатките тоа да го исполниме. Најде чудо во наједноставниот момент“, напишал нејзиниот сопруг Стивен, кој исто така е актер.

    Ени и Фул имаат 3 дечиња.

    Таа е родена и израсната во Сент Луис, Мисури, САД, Вершинг имаше улога во десетина ТВ-серии и филмови во нејзината дваесеттгодишна кариера. Нејзината прва заслуга беше во „Star Trek: Enterprise“, а потоа ќе има неповторливи улоги во 7 и 8 сезона на „24“, па „Бош“ (Bosch), „Дневникот на вампирот“ (The Vampire Diaries), „Одметници“ (Runaways) на „Марвел“, како и во втората сезона на „Ѕвездени патеки: Пикард“, како кралицата Борг. Вершинг, исто така, го позајми гласот и на хероината Тес во видеоиграта „The Last of Us“ од 2013 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img