More

    Почина авторот на муралот „Бакнеж“ на Берлинскиот ѕид

    spot_img

    Уметникот Дмитриј Врубел, авторот на познатиот мурал популарно наречен „Бакнеж“ на Берлинскиот ѕид, почина на 63-годишна возраст од последиците на инфекцијата со корона вирусот.

    Веста за смртта на уметникот, чиј мурал стана симбол на крајот на Студената војна, утрово ја соопштија неколку руски новинари.

    Сопругата на Врубел, Викторија Тимофеева, минатиот месец преку социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг е хоспитализиран поради компликации поради Ковид-19 и дека неговата здравствена состојба рапидно се влошува, потсетува „Раша тудеј“.

    Врубел е роден во Москва, а живеел во Берлин од 2010 година. Неговото најпознато дело е графитот на остатоците од Берлинскиот ѕид, официјално наречен „О Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“, прикажувајќи бакнеж меѓу советскиот лидер Леонид Брежњев и поранешниот источногермански лидер Ерих Хонекер. Муралот е инспириран од средбата на двајца политичари.

    Муралот е насликан во 1990 година, само неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид и пред обединувањето на Германија што се случи на крајот на таа година.

    „Со години го живеев мојот приватен живот, додека сликата го живееше своето. Во раните 2000-ти, луѓето почнаа да носат сувенири од Берлин – магнети, шолји и слично – со бакнежот на нив, кои се продаваа не само во Источната галерија, туку и насекаде низ градот“, изјави Врубел за Calvert Journal во 2014 година.

    Оригиналната работа беше уништена во 2009 година кога градските власти во Берлин ги реновираа остатоците од ѕидот. На Врубел ова му пречело, па после тоа нацртал нова верзија на „Бакнеж“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img