More

    Почесниот конзулат на Малта во земјава Кочо Анѓушев, стапи во контакт со семејството на загинатиот Мартин Костов

    spot_img

    Почесниот конзулат на Малта во земјава Кочо Анѓушев, по добиени информации од медиумите за трагичната несреќа на млад Македонец на Малта, стапи во контакт со семејството  на загинатиот Мартин Костов, соопшти конзулатот.

    – Семејството беше информирано дека почесниот конзулат ќе обезбеди се што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината. Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, ќе пружи итна и целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во  меѓународни рамки за вакви трагични случаи“, се вели во соопштението.

    Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството, во овие моменти на неизмерна тага, изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба  и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе пружи финансиска помош за семејството.

    Во трагичната несреќа во Малта вчера загина млад македонски државјанин, а семејството преку социјалните мрежи побара помош за транспорт на неговите останки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img