More

    Потсекретарот на ОН бара истрага за цивилните жртви и штетите во Украина

    spot_img

    Државниот потсекретар на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло во четвртокот вечерта повика на истрага и одговорност за масовните цивилни жртви и уништувањето на стотици станбени згради, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура за време на руската инвазија на Украина.Таа пред Советот за безбедност на ОН рече дека „меѓународното хуманитарно право е кристално јасно“ во забраната за напади врз цивили во воените операции и обезбедувањето нивна заштита.

    Ди Карло ги наведе најновите податоци на Канцеларијата за човекови права на ОН: 1.900 цивилни жртви од почетокот на војната на 24 февруари до 15 март, вклучувајќи 726 убиени, меѓу кои 52 деца и 1.174 повредени.

    „Повеќето од овие жртви загинаа затоа што во населбите се користеа експлозивни оружја со широк простор за удар“, рече таа.

    Според проценките на Програмата за развој на ОН (УНДП), доколку војната продолжи, 90 отсто од населението на Украина ќе се соочи со сиромаштија и екстремна економска ранливост, додека земјата и соседниот регион „ќе се вратат со децении наназад“, рече Дикарло.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img