More

    Потресни детали за состојбата на Брус Вилис

    spot_img

    Само неколку дена пред да започне снимањето на последниот акционен филм на Брус Вилис (67), режисерот испратил итно барање – да му ја „скратат“ улогата.

    „Изгледа ќе мора да го скратиме делот на Брус на пет страници. Мора да ги скратиме и неговите дијалози, така што да нема моноголог итн“, напишал во една порака Мајк Бернс, режисерот на филмот „Out of Death“ од 2021 година.

    Тој тогаш не ги навел причините зошто репликите што ќе ги изговара Брус Вилис мора да бидат „кратки и слатки“, како што е наведено, а денес ја знаеме причината – холивудската легенда боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности и говор.

    Афазија е нарушување што предизвикува оштетување во областа на мозокот што го контролира изразувањето и разбирањето на јазикот. Може да се развие поради мозочен удар, повреда на главата, тумор на мозокот, деменција, инфекција… Таа често се појавува како последица на мозочен удар, а подеднакво ги погодува и мажите и жените. Повеќето луѓе ја добиваат во средните или доцните години, а постојат повеќе видови на афазија.

    Како што стои во официјалното соопштение објавено од неговото семејство, Вилис поради својата состојба се повлекува од актерството и ја завршува кариерата.

    – Ова е предизвик и за него и за целото семејство. Благодарни сме за вашата поддршка и љубов. Продолжуваме заедно како семејство – се истакнува во изјавата што ја потпишаа сите негови најблиски.

    Меѓутоа, она што е помалку познато е дека Брус снимил повеќе од 20 филмови во изминатите три до четири години! Како е тоа можно? Се покажа – со многу, многу мака.

    Колегите кои во последно време соработувале со Брус, еден по еден, се огласуваат и сведочат дека било јасно дека нешто не е во ред. Затоа не е ни чудо што се шпекулираше дека Вилис страда од деменција.

    Џеси В. Џонсон, кој работел со Брус на филмот „Белиот слон“, истакнува дека било очигледно дека тоа не е човекот којшто го познава со години.

    – Знам зошто си ти тука и знам зошто си ти тука, но зошто сум јас тука? – прашал еднаш Брус двајца членови на екипата на сетот.

    Во една прилика, членовите на тимот на Вилис, на прашањето од режисерот што не е во ред, истакнале дека Брус е „среќен што е тука, но најдобро би било да го завршите снимањето до ручек и да го пуштат да си оди.“

    Поради сето ова, тој ја одбил можноста да сними уште два филма со легендарниот актер.

    – Сите ние сме обожаватели на Брус Вилис, но овој ангажман беше погрешен и тоа е, на крајот, тажен крај на една неверојатна кариера, никој од нас не се чувствуваше пријатно – констатирал Џонсон.

    Еден член на филмската екипа истакнал дека сите се труделе да не остават лош впечаток на Вилис.

    – Тоа не беше толку напорно, колку што беше „како да не направиме Брус да изгледа лошо. Некој ќе му ја кажеше неговата реплика, а тој не знаеше што значи тоа. Тој беше само марионета – рекол тој.

    Како што истакна продукцискиот надзорник на оваа продукција, Тери Мартин, актерот се обидувал, но едноставно делувал премногу збунето.

    – Изгледаше толку изгубено и повторуваше: „Ќе дадам сѐ од себе“. Секогаш даваше сѐ од себе. Тој е еден од великаните на филмот, имам голема почит за неговата работа. Но, време беше да се повлече – истакна тој.

    За цело време додека работел, Брус имал помош од неговиот тим, предводен од извесен Идс, кој е со актерот од 1990-тите.

    – Тој лик го водеше Брус насекаде. Секогаш го возеше наоколу и внимаваше на него – изјавил еден од членовите на екипата на филмот „Hard Kill“.

    Пред една година американската јавност се посомнева дека Брус Вилис боледува од деменција, бидејќи тој најчесто поминувал време со семејството и одбивал голем број филмски улоги.

    Првите индиции дека нешто не е во ред ги забележале неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговата втора сопруга Ема Хеминг.

    – Сегашната сопруга Ема и неговата поранешна, Деми Мур, заедно со нивните деца, се здружија да му помогнат на Брус.

    Тогаш беше откриено дека актерот го продал имотот што го имал во Њујорк за да биде почесто во Лос Анџелес со своите најблиски, а познато е дека Брус и Деми заедно беа во карантин на почетокот на пандемијата, во друштво на неговата нова сопруга и сите нивни деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img