More

    Потребни се итни акции за ублажување на климатските промени

    spot_img

    Одбележувајќи го Светскиот ден за заштита на животната средина 5 јуни под годинешното мото „Само една Земја“ годинава особен фокус е ставен на потребата од итно преземање локални акции и граѓански сојузништва кои ќе придонесат за заедничко справување и ублажување на климатските промени.

    – Потенцирајќи ја важноста и справувањето со климатските промени на овој значаен ден за животната средина, ја започнуваме кампањата „Заедно за климатска акција“ како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. Оваа стратешка програма за Еко-свест има за цел да придонесе кон креирање живо и силно граѓанско општество, кое суштински се вклучува во процесот на трансформација, декарбонизација и обнова на нашето општество за почиста средина и поздрави граѓани – велат од Еко-свест.

    Заедничка цел на Еко-свест и донаторот Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (СИДА) е преку зајакнување на граѓанските организации и нивното учество во значајните процеси за креирање политики на локално и централно ниво, да се поттикне вистинска климатска акција и да се направат практични позитивни промени, а преку нив да се подигне свесноста на граѓаните за климатските промени.

    Програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ трае три години, а се спроведува со две партнерски организации – Македонското здружение на млади правници(МЗПМ) и CNVP фондацијата.

    „Заедно за климатска акција“ освен што редовно ќе ја едуцира и информира јавноста за важноста од справувањето со климатските промени, главно ќе иницира и воспостави сојузништва преку кои нивните заложби ќе бидат остварени на посеопфатен начин, а справување со климатските промени ќе добие интерсекторски, опсежен и динамичен интензитет.

    – Ве повикуваме на заедничка соработка и соодветно вклучување во градењето сојузништва, планирањето на локални и национални акции за подобра клима, градење подобар живот и надеж за иднината. Времето за заедничка климатска акција е сегa – повикуваат од Еко-свест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img