More

    Потврдени се 93 позитивни случаи на коронавирусот

    spot_img

    Во последните 24 часа регистрирани се 93 новозаболени лица со ковид-19, како оздравени се водат 85 пациенти и нема починати како последица на коронавирусот, информираше Министерството за здравство.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последното деноноќие се направени се 1.365 тестови, при што регистрирани се 93 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.

    Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

    Направени се 1.365 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-22, Биотек-38, Систина-31, лабораторија Лаор-27, Синлаб-12, Ремедика-18, Плодност-16, Генеа-11, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-27, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 576.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img