More

    После Киев, на удар Харков и други градови (ВИДЕО)

    spot_img

    Украина утрово е нападната со најмалку 75 проектили, соопшти началникот на генералштабот на украинската армија Валериј Залужни, додавајќи дека 41 од нив биле соборени од воздушната одбрана на Украина.

    „Вооружените сили прават се за да ги заштитат сограѓаните. Сепак, непријателскиот напад продолжува. Ги повикувам сите да останат во засолништата”, напиша тој на Твитер.

    Руските ракетни напади во Харков погодија локација на енергетската инфраструктура, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во некои области на градот, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

    Регионалниот шеф на Харков, Олег Синегубов, исто така, ги потврди нападите. „Непријателот го напаѓа Харков. Има експлозии во градот”, напиша тој на Телеграм и ги повика жителите на Харков да останат во засолништа, затоа што се очекуваат уште напади.

    Украинското Министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади.

    – Утрото е тешко. Имаме работа со терористи. Десетици проектили, ирански „шахиди”. Тие имаат две цели. Едната цел се енергетски капацитети низ целата држава, а другата цел се луѓето – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, во денешното видео-обраќање.

    Тој потврди дека се извршени напади во Киев и регионот Хмелницки, Лвов и Дњепар, Виницја, Ивано-Франковскиот регион, Запорожје, Суми, Харков, Житомир, Кировохрад. во јужниот дел на земјата.

    – Сакаат паника и хаос, сакаат да ни го уништат енергетскиот систем. Тие се безнадежни. Втората цел се луѓето. Вакво време и вакви цели се специјално избрани за да предизвикаат што поголема штета – нагласи Зеленски.

    Тој ги повика Украинците денеска да останат во засолништа и секогаш да ги следат безбедносните правила.

    – И секогаш запомнете: Украина постоеше пред да се појави овој непријател, Украина ќе постои и после него – истакна Зеленски.

    Погледнете две видеа од бомбардирањето на Киев:

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img