More

    Последното селфи на српската пејачка Ксенија Пајчин

    spot_img

    Ксенија Пајчин беше една од најубавите девојки на српската јавна сцена, но слободно може да се каже и во регионот.

    Многумина зборуваа за нејзината убавина, стаса дури и до светските медиуми, но нејзината прерана смрт го прекина нејзиниот пат кон ѕвездите.

    Пејачката, која беше олицетворение на убавината, ја сакаше музиката, танцот, животот… Таа беше една од ретките кои немаа „влакна на јазикот“. Колегите ја обожаваа и важеше за голема „пријателка“ на естрадата. Кога на 16 март 2010 година се појави веста дека нејзиното момче Филип Каписода ја убил неа па себе, сите беа во шок.

    На многу колеги тешко им падна смртта на Ксенија. Данијел Алибабиќ, Индира Радиќ, Гога Секулиќ, МС Стојан, кои соработуваа со пејачката, не можеле да се помират дека ја нема повеќе. Ксенија ден пред трагедијата гостувала во една емисија каде избрала дечко со кој ќе излезе на вечера. Ништо не навестувало трагедија, бидејќи таа вечер во студиото ја изненадил нејзиниот дечко Филип кога ѝ донел голем букет цвеќе.

    Последното селфи, неколку часа пред трагедијата, Ксенија штотуку го објавила со момче, кого таа вечер го одбрала во емисијата „Ништо да се скрие“.

     

    Два дена потоа Филип во станот на Вождовац прво ја убил Ксенија, а потоа се убил себеси.

    Инаку, тие се запознале во 2008 година на море во Црна Гора, а на негово инсистирање излегле на состанок неколку месеци подоцна.

    Веднаш започнале врска која беше исполнета со љубов, но и со љубомора и турбуленции. И на крајо, заврши кобно.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img