More

    Порториканката Софија Жирау влезе во историјата

    spot_img

    Софија Жирау влезе во историјата како прва манекенка на Викторија’с сикрет со Даунов синдром, откако им се придружи на 17 други жени во лансирањето на новата кампања на брендот.

    Софија Жирау, 25-годишна манекенка и активистка од Порторико, им соопшти на своите обожаватели и следачи дека учествува во новата кампања на американскиот бренд за долна облека, „Викторија’с сикрет“. Модната линија е наречена „Love Cloud“, и се работи за колекција лежерна долна облека.

    Кариерата на Софија добива на интензитет откако дебитираше на пистите на Модната недела во Њујорк во февруари 2020 година. Оттогаш таа го привлече вниманието на модната индустрија. „Викторија’с сикрет“ покрена низа иницијативи изминативе неколку години за да се обиде да го врати кредибилитетот поради намалената продажба и претходни обвинувања за сексуални злосторства и вознемирување на моделите.

     

     

    Новите потези на компанијата го вклучуваат и првиот градник за жени подложени на мастектомија, различни бои на долна облека за различни тонови на кожа, како и ангажирање на трансродовиот модел Валентина Сампајо. Таа беше вработена по критиките дека на компанијата ѝ недостигаат различности.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img