More

    Поранешните војници паднале во рацете на руските сили

    spot_img

    За прв пат од почетокот на војната во Украина, руските сили заробиле двајца Американци во близина на Харков, дознава британски Телеграф.

    Тоа се Александар Друк (39), поранешен американски војник во Ирак и Анди Хуин (27), американски маринец кој досега не учествувал во активна борба.

    Според британски Телеграф, тие биле заробени минатата недела во борбите во областа Харков.

    И двајцата служеле како доброволци во украинската армија и се верува дека се првите американски воени затвореници во Русија.

    Според Телеграф, Хуин и Друк биле дел од десетчлениот одред кој како резултат на „неточни информации“ се сретнал со руските сили – два тенкови и околу 100 војници.

    – Бевме на мисија и целата работа одеднаш целосно полуде. Имавме неточни информации. Ни рекоа дека градот е чист, а испадна дека Русите веќе го напаѓаат – изјави нивниот соборец за Телеграф, не сакајќи да го открие своето име.

    – Тие дојдоа со два тенкови Т-72, ​​повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Се што имавме беше нашиот одред од околу 10 луѓе – додаде тој, објаснувајќи дека Хуин и Друк исчезнале по судирот со Русите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img