More

    Поранешниот тренер на Змејовите кариерата ја продолжува во љубљанска Олимпија?

    spot_img

    Тренерот на љубљанска Олимпија, Дино Скендер остана без работа по три натпревари во кои неговиот тим не успеа да победи.

    Хрватскиот стручњак загуби на гостувањето кај Мура (2:3), потоа на домашен терен беше поразен од Целје (2:4), а во неделата неговиот тим повторно на домашен терен ремизираше со Домжале (1:1).

    На водечкиот Марибор сега му делат седум бода, а тоа беше последната капка за раководството на Олимпија, па Скендер доби отказ.

    Словенечки „Дело“ пишува дека Олимпија веќе има замена за Секндер, а се работи за прославениот фудбалер и поранешен селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки.

    Во декември повеќе од една година е без ангажман, а последен пат го водеше турскиот Денизлиспор во 2020 година.

    Ако се во право словенечките медиуми, „Жути“ треба да го преземе клубот за кој настапуваше во сезоната 2002/2003.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img