More

    Поранешниот тениски ас доби затворска казна од 2 ипол години

    spot_img

    Поранешниот германски тенисер Борис Бекер денеска од судот Саутворк во Лондон беше осуден на 2,5 години затвор поради прекршување на условите за банкрот, кој го прогласи во 2017 година. Трикратниот шампион на Вимблдон можеше да добие максимална казна од 7 години затвор според законот за несолвентност.

    Судот утврди дека 54-годишниот Бекер, по банкротот прогласен во јуни 2017 година, префрлил стотици илјади фунти од својата сметка на други сметки. Тој исто така не го пријавил имотот во Германија и скрил банкарски кредит од 825 илјади евра и акции од една технолошка компанија.

    Шесткратниот гренд слем шампион ги негираше обвиненијата.

    Неговиот адвокат бараше пониска казна, аргументирајќи дека Бекер не ги потрошил парите на „раскошен живот“, туку на издржување на своите деца, станарина и правни и деловни трошоци.

    Според сведочењата, банкротот на Бекер произлегол од заем од 4,6 милиони евра од една приватна банка во 2013, како и 1,6 милиони долари позајмени од британски бизнисмен една година подоцна.

    На судењето Бекер рече дека од тенис заработил околу 50 милиони долари, но дека тие биле „проголтани“ од исплатите за „скапиот развод“ и долговите до кои дошло откако загубил голем дел од приходите по пензионирањето.

    Бекер во 1985 година, на 17 години, ја освои својата прва титула на Вимблдон, а подоцна стана и тенисер број еден на светската ранг листа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img