More

    Поради струјата цената на лебот ќе расте како квасец

    spot_img

    Лебот и житата, според последните податоци на Државниот завод за статистика, за една година поскапеле за 44,1 отсто, но дали ова ќе биде последно поскапување? Сè ќе зависи од цените на струјата, горивата и репроматеријалите, кои се користат во производството, велат од мелничко – пекарската индустрија која најавува не само повисоки цени на производите, туку и отпуштање од работа и затворање на фирмите, ако нема субвенции или ограничување на цената на струјата, како што има во регионот и во Европа. Домашните компании, велат тие, плаќаат десетпати поскапа струја од нивните конкуренти во регионот.

    – Поскапеа струјата, гасот, цената на транспортот, а тоа значи и повисока цена по единица производ. Сето тоа е трошок на мелниците и пекарниците, кои дополнително се соочени со конкуренцијата од регионот, кадешто ваквите индустриски капацитети добиваат многукратно поевтина струја. Па дури и Косово, кое нема доволно производство, и има рестрикции на струја за индустријата ѝ овозможува струја по 4 до 5 денари, а разлика од кај нас каде што струјата достигна цена од 40 до 50 денари за киловатчас. Па, ако владата не понуди мерки со кои ќе ја субвенционира струјата или ќе ја ограничи нејзината цена, ќе треба да смета на нови, повисоки цени на производите, но и на отпуштени работници и затворени фирми – вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.

    Моментно, вели тој, цените на брашното се задржани на нивото од пред жетвата, но тоа нема да трае долго, доколку струјата што ја добиваат мелниците продолжи да расте. Иста е состојбата и со пекарниците. Посебно алармантна е состојба, вели тој, со плаќањето на пченицата која е откупена од земјоделците.

    – Мелниците ќе треба да ја платат до декември, а ако не работат од каде пари за да го исплатат долгот? Според нашите информации, 90 отсто од мелниците не можат да платат за преземената пченица. Дел од мелниците веќе имаат кредити кои нема да можат да ги плаќаат. Тоа значи дека кругот се проширува и на другите сектори, а ќе страда и буџетот бидејќи помалку пари ќе се слеваат во него, но и работниците ќе останат без работа – додава Малишиќ.

    Податоците на Здружението се дека две големи и две средни мелници, поради цената на струјата и финансиските проблеми поради тоа веќе запреле со производство.

    – Во вакви услови остануваат само две опции за бизнисите, зголемување на цената на брашното и лебот и белите печива до ниво кое ќе овозможи плаќање на сметките за струја или затворање на фирмите бидејќи конкуренцијата од регионот ќе нуди поевтини производи бидејќи добива субвенционирана струја. Мелниците веќе ја имаат ова конкуренција со увозот на брашно, а  не се знае како ќе се справат со овој проблем пекарниците. Најверојатно ќе треба да увезуваме и леб од соседството бидејќи цената ќе биде пониска од нашата – додава Малишиќ.

    Тој очекува владата да го согледа проблемот и да најаде начин како да ја субвенционира струјата.

    – Ние со месеци го бараме ова, но нема ваква или слична мерка. Она што го договара владата со Бугарија уште на стартот е непознаница, бидејќи не се знае каква ќе биде цената на струјата која ќе доаѓа од оваа соседна земја – вели претседателот на Здружението на мелничко пекарската индустрија.

    Тој појаснува дека поголемите мелници и пекарници со струја се снабдуваат на отворен пазар, а малите на домашниот пазар, но цената и кај едните и кај другите е висока во однос на финансиските можности на компаниите.

    – Малите компании по последните промени на тарифите, бидејќи се големи потрошувачи на струја се во четвртата тарифа каде што струјата има цена од над 14 денари. За големите компании договорите се со променлива цена и може да се очекува таа да порасне од крајот на годината – вели Малишиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img