More

    Поради мајмунски сипаници СЗО прогласи највисок степен на тревога

    spot_img

    Светската здравствена организација го прогласи последното ширење на мајмунски сипаници за глобална итна здравствена ситуација, што е највисок степен на тревога. Ова следува откако беа регистрирани повеќе од 16.000 случаи во 75 држави.

    Прво идентификувана кај мајмуни во 1950-ите, оваа болест е карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка и затоа последното ширење, од кои она во Европа е најголемо досега, ги збуни и изненади научниците. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и заразените заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се пренесува така лесно помеѓу луѓето, па ризикот од поголемо ширење е многу мал.

    – Мајмунски сипаници забрзано се шират низ светот и тоа преку нови начини на пренесување, за кои малку знаеме. Досега има и пет смртни случаи. Ова е вонредна ситуација. Ризикот од мајмунски сипаници е умерен во сите региони во светот освен Европа, каде што е проценет како висок – изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, додавајќи дека во организацијата немало консензус за тоа како да се класифицира ширењето.

    Во Европа, најголем дел од случаите е поврзан со секс помеѓу мажи, иако здравствените власти нагласуваат дека секој може да се зарази.

    – Ова е ширење што може да се сопре со вистински стратегии во вистински групи – кажа Гебрејесус.

    Не постои посебна вакцина за мајмунски сипаници, но СЗО вели дека вакцините против мали сипаници се 85% делотворни против ова заболување. Симптомите вклучуваат осип, треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img