More

    Поради климатските промени, луѓето спијат сè пократко и пократко

    spot_img

    Една нова студија открива колку сериозно зголемувањето на температурата го нарушува нашиот ритам на спиење.

    Зголемените температури предизвикани од климатските промени го намалуваат времето на спиење на луѓето ширум светот, а проблемот значително ќе се влоши до крајот на векот доколку човештвото не успее да ги ограничи емисиите на јаглерод диоксид, според една неодамнешна студија во One Earth.

    До овој заклучок дошол тим на истражувачи, предводени од Келтон Минор од Универзитетот во Копенхаген. Помеѓу 2015 и 2017 година, тие собраа податоци од нараквици за следење на спиењето што ги користеа повеќе од 47.000 луѓе во 68 земји.

    Собраните податоци за спиење беа споредени со локалните временски податоци.

    Резултатите покажаа дека невообичаено топлите ноќи, оние со температури над 30 ° C, предизвикуваат луѓето да спијат околу 14 минути пократко во просек.

    Студијата покажа дека просечниот граѓанин на светот веќе губи 44 часа сон годишно. Ова губење на сон е поврзано со фактот дека човечкото тело треба да се олади пред да заспие, но тоа станува потешко кога е премногу топло.

    Комбинирањето на податоците со различните климатски сценарија покажува дека до крајот на 2099 година, времето на изгубен сон би можело да се зголеми на 50 до 58 часа годишно. Веројатноста дека сонот ќе трае помалку од оптималните седум часа, исто така се зголемува со зголемувањето на температурата.

    Покрај тоа, Келтон Минор и неговите колеги забележале дека одредени групи се поранливи од другите, така што ефектот на температурата врз губењето на сонот е значително поголем кај жителите на земјите со пониски приходи, како и кај постарите лица и жените.

    Истражувањата покажуваат и дека луѓето не го промениле секојдневното однесување за да се справат со недостатокот на сон, односно не можеле да ги надополнат изгубените часови одмор со дремење во текот на денот. Испитаниците, исто така, не се прилагодиле на сезонските горештини, т.е. не било забележано дека полесно спијат во топла ноќ кон крајот на летото отколку во почетокот на летото.

    Резултатите од студијата треба да бидат вовед во една поширока студија за условите за спиење на населението кое живее во најтоплите делови на светот, особено во Африка, Централна Америка и Блискиот Исток, пишува весникот. Оваа тема првенствено треба да биде во фокусот на носителите на одлуки и политичарите кои ќе бидат одговорни за прилагодување на градовите и местата на живеење на очекуваните температурни покачувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img