More

    Поради дојавите за бомба, полицијата ги затвори улиците пред училиштата Поради дојавите за бомба, полицијата ги затвори улиците пред училиштата

    spot_img

    Дојавите за бомби во неколку скопски училишта буквално го парализираа сообраќајот во главниот град.

    Во период кога завршува работното време за најголемиот дел од скопјани и кога сите брзаат кон своите домови, полицијата одлучи да го забрани приодот покрај средните училишта за каде што постои инфорамција дека е поставена бомба.

    Затворени се неколку главни сообраќајници, меѓу кои и таа пред гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на градот.

    – Затворена е улицата пред училиштето, полицајците не кажуваат дали екипите на антитероризам се веќе пристигнати во просториите на Јосип Броз Тито. Ученици нема, пешаци нема, а поради безбедност има возило на брзата помош. Полицијата не дозволува да се помине пред училиштето – јави нашиот новинар од терен.

    Од МВР ја потврдија веста за дојавите за бомби и велат дека повторно имало закани во 9 училишта.

    „Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    И вчера имаше дојави за бомби во 8 средни училишта.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека истрагата за дојавите за бомби во скопските средни училишта е во тек и дека имаат првични информации од каде се испратени мејловите.



    – Вчера имавме дојава во 8 училишта за наводно поставени бомби. Секако дека овие згради беа детално проверени од Одделот за антитероризам и утврдивме дека станува збор за лажни пријави. Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП-адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија – рече Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img