More

    Поп ѕвездата Лејди Гага штотуку потврди дека ќе игра една од главните улоги во новиот дел од популарниот филм „Џокер“

    spot_img

    Поп ѕвездата Лејди Гага штотуку потврди дека ќе игра една од главните улоги во новиот дел од популарниот филм „Џокер“.

    Заедно со Хоакин Феникс, кој доби Оскар за улогата на Џокер, Гага ќе се појави во новиот дел од филмот како Харли Квин. Режисер на филмот е Тод Филипс.

    Филипс веќе извесно време го пишуваше сценариото со ко-сценаристот на „Џокер“ Скот Силвер и конечно го покажа во студиото. Во средината на јуни, Филипс го откри насловот на новиот проект на социјалните мрежи – „Joker: Folie à deux – наслов што упатува на медицинскиот термин за идентично или слично ментално нарушување кое погодува две или повеќе личности, обично членови на истото семејството.

    Џокер е познат по својата насилна врска со Харли Квин, неговата психијатарка во менталната институција позната како Аркам азил, која се вљубува во него и станува негова помошничка и партнерка во криминалот. Не е јасно дали Филипс и компанијата користат други ликови од DC или самите создаваат нови, како што тоа го правеа во многу случаи со нивниот прв филм.

    Вториот дел од филмот е наводно мјузикл. Продуцентот на новиот „Џокер“ беше и продуцент на римејкот „Ѕвездата е родена“, во кој Гага ја имаше главната улога со Бредли Купер.

    Гага објави краток видео тизер на социјалните мрежи со кој потврди дека таа и Хоакин Феникс се во главните улоги.

    Филмот ќе излезе на 10 април 2024 година.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img