More

    Пописот е направен по европска методологија

    spot_img

    Пописот е сработен по европска методологија и релевантноста на податоците не може да се оспорува заради незадоволство од самите бројки, изјави денеска за МИА директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

    – Наша обврска е да ја покажеме реално состојбата и тоа го направивме, не се раководевме од тоа дали ќе исполниме нечие очекување или не – нагласи Симовски.

    Според директорот на ДЗС, коментарите за подзастапеност на некои етнички заедници во Пописот или нивно неприфаќање на резултатите е целосно неоправдано, затоа што намалувањето се забележува во сите групи.

    – Пописот покажа дека има намалување на бројот на населението, но нашата обврска како ДЗС е да дадеме реалната состојба согласно дефиницијата на резидентното население. Ако се направи споредба со последниот попис, имаме 185.834 жители помалку и тоа е забележливо кај сите етнички заедници – додаде Симовски.

    Резултатите од пописот покажаа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто.

    Незадоволство од резултатите на пописот, но и бројноста на припадниците на нивната етничка заедница изразија неколку партии и организации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img