More

    Полчасовно невреме со силен дожд и град го погоди денеска околу пладне Тетово

    spot_img

    Полчасовно невреме со силен дожд и град го погоди денеска околу пладне Тетово.

    Според споделените фотографии и видеа на социјалните мрежи, невремето повторно ги покажа слабостите на атмосферската канализација, па многу улици беа поплавени.

    Во селото Фалише беше забележана покривка од град.

    Во петокот Кризниот штаб на Општина Тетово за денеска најави чистење и дезинфекција на улиците по поплавите што се случија на 29 мај.

    – Има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите нa 29 мај. Бидејќи немаме одговор дали ќе има  владина комисија за штети, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезе на терен општинска комисија и ќе имаме информации колкави се штетите – изјави во петокот Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

    Во саботата на 28 мај патот од Шипковица до Бродец беше најмногу погоден од наноси со земја.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img