More

    Полскиот претседател морал да се врати во Варшава

    spot_img

    Авионот на полскиот претседател Анджеј Дуда со кој требало да одлета кон гратчето Жешов од Варшава за да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, морал принудно да слета и да се врати, соопштија од неговиот кабинет. За среќа, Дуда не бил во животна опасност. За разлика од него, Бајден успешно слетал во Жешов, а вечерва ќе отпатува за Варшава.

     

     

    Градот Жешов е на 70 километри од Варшава. Кога пристигна на аеродромот, Бајден веднаш беше брифиран за помошта која Полска ја пружа кон украинските бегалци. Американскиот претседател доаѓа во посета за од прва рака да ги види меѓународните напори за справување со хуманитарната криза, но и да ги посети американските трупи кои го зајакнуваат источното крило на НАТО.

    Тој вчера во Брисел кажа дека неговата посета „уште еднаш ќе ја покаже подготвеноста на САД хуманитарно да им помогнат на луѓето во и надвор од Украина“.

    Бајден во моментов е на средба со членовите на американската 82-та воздушна дивизија. Медиумите пренесоа снимка од тоа како тој јаде пица заедно со војниците.

     

     

    Полска се надева дека посетата на Бајден ќе го потврди американското ветување дека ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО. Варшава, исто така, сака повеќе американски војници на источните граници на Алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img