More

    Полска нема да ги признае територијалните промени

    spot_img

    Полска нема да признае никакви територијални промени предизвикани од „неиспровоцирана, незаконска агресија“, рече министерот за надворешни работи на земјата, Збигњев Рау.

    Изјавата на Рау доаѓа по разговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за руската инвазија на Украина.

     

    Американскиот државен секретар е во посета на источна Полска во близина на границата со Украина додека Русија ја интензивира својата војна против поранешната советска република.

    Блинкен денеска беше во градот Жешов на разговори со највисоките полски функционери и предвидена е средба со украинските бегалци подоцна во текот на денот. Тој се сретна со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и со министерот за надворешни работи Збигњев Рау, еден ден по присуството на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, на кој алијансата вети дека ќе ја зајакне поддршката за членките од источното крило како Полска заради спротивставување на руската инвазија на Украина

    Иако НАТО ја отфрли можноста за воспоставување зона на забранети летови над Украина, која не е членка, значително ја зголеми воената и хуманитарната помош. Жешов е на околу 80 километри од границата со Украина и неговиот аеродром стана центар за летови со таква помош.

    Блинкен рече дека неговата посета на Полска доаѓа во „еден од најитните моменти во долгата историја меѓу нашите две земји“ и посочи дека неодамна почнатото распоредување на американски војници во земјата ќе продолжи.

    Рау истакна дека Полска веќе примила повеќе од 700.000 бегалци од Украина и дека очекува уште стотици илјади во наредните недели доколку Русија не отстапи.

    – Полска никогаш нема да ги признае територијалните промени предизвикани од неиспровоцирана, незаконска агресија – рече тој, додавајќи дека неговата земја ќе бара наводните руски воени злосторства извршени во Украина да бидат кривично гонети.

     

    По неговиот состанок со Блинкен, Моравјецки соопшти дека се согласиле за потребата од дополнително зајакнување на источното крило на НАТО и зајакнување на европската безбедносна архитектура. Полска бара повеќе американски сили на нејзина територија, каде во моментов има повеќе од 10.000 американски војници.

    По неговата посета во Полска, Блинкен ќе отпатува за Молдавија, која исто така доживеа прилив на украински бегалци, и трите балтички држави кои се особено загрижени поради инвазијата на Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img