More

    Половина од украинската енергетска мрежа е исклучена, можен е целосен мрак во Киев

    spot_img

    Градските власти на Киев во петокот предупредија дека е можно „целосно затемнување“ на електричната мрежа на главниот град на Украина, а премиерот рече дека речиси половина од енергетскиот систем на земјата бил оневозможен во руските напади.Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети во изминатите неколку недели, погодувајќи ја енергетската инфраструктура низ целата земја со силни воздушни напади во вторник и четврток.

    „За жал, Русија продолжува со ракетните напади врз украинската цивилна и критична инфраструктура. Речиси половина од нашиот енергетски систем е исклучен“, рече премиерот Денис Шмихаљ по средбата со комесарот за трговија на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

    Киев е еден од градовите најтешко погодени од напади со ракети и беспилотни летала кои на моменти го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, греење и вода како што се приближува зимата.

    Инженерите брзаат да ја санираат електричната мрежа во главниот град, каде во четвртокот падна првиот снег.

    „Се подготвуваме за различни случувања во ситуацијата, вклучително и целосно исклучување“, рече Микола Поворжник, заменик-менаџер на градската администрација во Киев.

    Тој не кажа што ќе се случи ако електричната мрежа целосно се исклучи, но властите рекоа дека не размислуваат за евакуација на градовите.

    Украина ги опиша нападите врз нејзината енергетска инфраструктура како руски тероризам. Москва ги отфрла критиките и ги опишува нападите како одговор на „неподготвеноста“ на Киев да одржи мировни преговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img