More

    Полицијата откри два автобуса без документација

    spot_img

    При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с.Долна Бањица, гостиварско и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(37) од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираа од Министерството за внатрешни работи.

    Исто така, од МВР велат дека при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(38) од с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(29) од с.Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л.(30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

    Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и за возилата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img